Македонија
Дознај прв
ПРОТЕСТ НА СТРУМИЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: „Мизерна е цената од 25 денари за пиперката ајварка“
Земјоделците од Струмичко протестираат против откупната цена од 25 денари за пиперката ајварка и најавуваат блокади доколку не се најде решение.

Производителите најавуваат блокади
Земјоделци од Струмичкиот регион денеска протестираа во селото Муртино поради ниската откупна цена на црвената пиперка ајварка, која изнесува 25 денари за килограм. Производителите велат дека оваа цена не ги покрива ниту основните трошоци за производство, а нивниот труд останува целосно потценет. Тие побараа министерот за земјоделство Борче Серафимовски да дојде во Струмица и да посредува во разговорите со откупувачите. На протестот им се приклучија и градинари од други струмички села.
За илјада килограми добиваат 20.000 денари помалку
Земјоделците најавија нов протест утре во 11 часот, а од петок и блокади низ регионот доколку не се најде решение. Минатата година првата класа пиперка се откупувала по 45 денари за килограм, додека годинава понудената цена е 25 денари. Тоа значи дека за илјада килограми земјоделецот би добил 25.000 денари, наспроти 45.000 денари лани, односно над 40 проценти помалку. Поддршка за нивните барања даде и Националната земјоделска мрежа, од каде предупредија дека македонскиот аграр се доведува до колапс.
