Хроника
Дознај прв
УАПСЕН 19-ГОДИШНИКОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ЖЕНА ВО СКОПЈЕ: По несреќата избегал од местото
Полицијата уапси 19-годишен скопјанец кој со „фиат пунто“ удрил 48-годишна жена и избегал. Жената се здобила со тешки повреди.

Жената се здобила со тешки повреди
Полицијата го уапси 19-годишниот скопјанец кој на 5 август со автомобил удрил 48-годишна жена, по што го напуштил местото на сообраќајната несреќа. Инцидентот се случил околу 21:20 часот на крстосницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“ во Скопје. Според МВР, младиот возач управувал со „фиат пунто“ кога удрил во пешакот. Повредената жена била пренесена во ГОБ „8 Септември“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Автомобилот е одземен
По несреќата, увид извршила екипа на СВР Скопје, а веднаш биле преземени мерки за пронаоѓање на возачот и автомобилот. Полицијата потоа го лоцирала и го лишила од слобода 19-годишниот Н.Н. од Скопје. По насоки на јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
