Македонија

27 ПОЖАРИ ВО ЕДЕН ДЕН: Активни шест, еден пожар е ставен под контрола

До 07:30 часот утрово во Македонија се регистрирани вкупно 27 пожари, од кои 20 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни се шест пожари, додека еден е ставен под контрола.

27 ПОЖАРИ ВО ЕДЕН ДЕН: Активни шест, еден пожар е ставен под контрола

Активни пожари има на потегот меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, кај месноста Видуш, како и кај селата Драгов Дол и Локвица во општина Македонски Брод.

Пожар е активен и кај селото С’лп во општина Велес и кај селото Копанце во општина Јегуновце. Гори и кај селата Борино и Житоше во општина Крушево, како и кај селото Бојане во општина Сарај. Под контрола е ставен пожарот кај градската депонија во Делчево.

ОЗНАКИ: пожари