Спорт

Мозес Рајт од Олимпија Милано ќе игра за Македонија – големо засилување под кошевите

Мозес Рајт од Олимпија Милано ќе игра за Македонија – големо засилување под кошевите

Македонската кошаркарска репрезентација добива големо засилување под кошевите, откако Мозес Рајт ќе биде на располагање за августовскиот ФИБА-прозорец. Неговиот клуб Олимпија Милано официјално потврди дека ќе му дозволи да настапи за Македонија.

Можноста 27-годишниот американски центар Мозес Рајт да го облече македонскиот дрес се најавуваше уште во јуни, кога беа објавени информациите дека ќе добие македонско државјанство. Македонија на 30 август ќе игра против Австрија во втората фаза од претквалификациите за Европското првенство. Рајт во репрезентацијата пристигнува по одличната сезона во дресот на Жалгирис, каде што беше меѓу најважните играчи и му помогна на тимот да го освои петтото место во регуларниот дел од Евролигата.

Во најсилното европско натпреварување тој имаше просек од 13,2 поени и 6,5 скока по натпревар, со индекс на корисност 17,1 и нешто повеќе од 23 минути на паркетот по средба. Неговото присуство треба да донесе дополнителна сила за Македонија во рекетот во борбата за пласман на Европското првенство.