Хроника
Дознај прв
НЕСРЕЌА ВО ЛИФТ ВО РАДИШАНИ: Вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила
Тригодишно девојче е тешко повредено во лифт во Радишани откако вратата ненадејно се отворила и затворила додека детето било со мајка му.

Тригодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во инцидент со лифт во станбена зграда во Радишани. Според пријавата од мајката, несреќата се случила на 22 август околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифтот. Во еден момент вратата ненадејно се отворила и повторно се затворила, при што девојчето било повлечено и тешко повредено.
Детето итно пренесено во болница
Случајот бил пријавен во СВР Скопје од 30-годишната мајка, која ја информирала полицијата за несреќата. Повредите кај тригодишното девојче биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Полицијата го расчистува случајот во Радишани
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата. Засега нема дополнителни информации за причината поради која вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила.
