Македонија
Дознај прв
Апелација пресече за „Талир 2“: Груевски ослободен, не се докажа дека го прекршил законот
Апелациониот суд ја потврди ослободителната пресуда за Никола Груевски во „Талир 2“, со што ВМРО-ДПМНЕ го задржува имотот и „Белата палата“.

Потврдена ослободителната пресуда за Груевски – „Талир 2“
Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“, со што жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје е одбиена како неоснована. Одлуката е донесена по одржана нејавна седница на 26 август, при што судот ги разгледал списите на предметот и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје. Апелација оценила дека дејствијата на Груевски како одговорно лице во партијата биле во рамките на неговите овластувања и дека обвинителството не докажало постоење на кривично дело.
ВМРО-ДПМНЕ го задржува имотот
Со правосилната одлука се отстранува и можноста за конфискација на партиското седиште, познато како „Белата палата“, како и на друг имот кој со години беше под мерки. Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се проценува на околу 14 милиони евра, додека вредноста на другиот имот е околу два милиони евра. Груевски во повтореното судење беше ослободен од обвинението во јули годинава, откако претходната пресуда од 2022 година со која беше осуден на шест години затвор беше укината. Со денешната одлука на Апелација, ослободителната пресуда станува правосилна.
