Македонија
Дознај прв
Македонија и Израел отвораат нови можности за соработка: Во фокусот и директни летови

Македонија и Израел отвораат нови можности за соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамките на посетата на Израел, се сретна со својот колега Гидеон Саар. На средбата биле потврдени одличните билатерални односи и подготвеноста за нивно натамошно продлабочување, со фокус на економијата, одбраната, сајбер-безбедноста, здравството, земјоделството и туризмот.
Во фокусот и директни летови
Муцунски за „Пост“ открил дека меѓу идеите за кои разговарале е и воспоставување директни летови меѓу Тел Авив и Скопје или Охрид, оценувајќи дека тоа би било чекор кон поголемо движење на луѓе и бизнис.
По средбата, двајцата министри потпишале два билатерални документи – Програма за соработка во областа на образованието, науката, културата, младите и спортот за периодот 2026–2029 година и Меморандум за разбирање за билатерални економски консултации. Муцунски истакнал дека силните политички односи треба да се преточат во поконкретна соработка и конкретни проекти. Тој изразил и благодарност за солидарноста и поддршката што Израел и израелскиот народ ги покажале по трагедијата во Кочани. Двете страни изразиле определба за натамошно зајакнување на партнерството.
View this post on Instagram
