Свет
Дознај прв
(ВИДЕО) Катастрофа во Непал: 165 загинати и речиси 1.500 исчезнати по разорните поплави
Разорни поплави во Непал и Тибет однесоа најмалку 165 животи, а речиси 1.500 лица се водат како исчезнати, меѓу нив и стотици странски државјани.

Стотици туристи меѓу исчезнатите
Разорните поплави што ги погодија Непал и Тибет оставија огромна пустош, со најмалку 165 загинати и речиси 1.500 лица кои се водат како исчезнати. Надојдените води уништиле цели села, куќи, патишта и мостови, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани и исчезнати лица. Според властите, голем дел од исчезнатите се туристи и странски државјани кои се наоѓале во планинскиот регион. Во Непал меѓу исчезнатите има стотици државјани од Индија, САД, Велика Британија, Австралија и Канада.
Хеликоптери трагаат по преживеани во Непал и Тибет
На тибетската страна од границата дополнително се пријавени стотици исчезнати, додека спасувачките операции се отежнати поради тешко пристапниот планински терен и огромните штети. Според првичните наоди, поплавата била предизвикана од одрон на мраз и карпи, а не од земјотрес, како што првично се претпоставуваше. Хеликоптери цел ден го надлетуваат погодениот регион и евакуираат преживеани, додека властите стравуваат дека бројот на жртви и исчезнати дополнително ќе расте.
View this post on Instagram
