Економија

Овие три банки денеска ги исплаќаат пензиите за август

Овие три банки денеска ги исплаќаат пензиите за август

Дел од пензионерите денес предвреме ќе ги добијат августовските пензии. Исплата денеска вршат Стопанска банка Скопје, Халкбанк и Алта банка Битола. Од Стопанска банка информираат дека средствата ќе бидат достапни на сметките во текот на денот. Клиентите ќе можат да подигнуваат готовина од банкоматите или да вршат плаќања во трговската мрежа. Од Халкбанк соопштија дека пензиите се веќе достапни на сметките, во филијалите, на банкоматите и преку електронското и мобилното банкарство, а истото важи и за Алта банка. За клиентите кои дале согласност, средствата може да се подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Повеќе може да погледнете ТУКА.