Свет
Дознај прв
(ВИДЕО) Трамп го менува името на езерото Онтарио: Ќе се вика „Езеро Америка“
Доналд Трамп потпиша наредба за преименување на Езерото Онтарио во „Езеро Америка“, но Канада одбива да го прифати новото име.

Нов потег во трговскиот спор со Канада
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која Езерото Онтарио го преименува во „Езеро Америка“. Трамп од Овалната соба изјавил дека долго размислувал за новото име и дека промената стапува во сила веднаш. Како аргумент, негов соработник од Белата куќа посочил дека поголем дел од езерото се наоѓа на американска територија. Потегот доаѓа во период на тензии меѓу САД и Канада околу трговските односи.
Канада не го признава новото име
Канадските власти порачаа дека немаат обврска да ги признаваат имињата што еднострано ги менуваат други држави. Канадската министерка за индустрија Мелани Џоли претходно изјавила дека за Канада езерото секогаш ќе остане Езеро Онтарио. Ова не е првпат Трамп да иницира промена на географско име, бидејќи по преземањето на функцијата во 2025 година го преименуваше Мексиканскиот Залив во „Американски Залив“. Промената тогаш предизвика спор со Мексико, кое оцени дека една држава не може еднострано да го менува името на заедничките меѓународни води.
