Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) „СЕ УМИРА САМО ЕДНАШ, А СЕ ЖИВЕЕ СЕКОЈ ДЕН – ЖИВЕАМ ОД ДЕНЕСКА ЗА УТРЕ“: Емотивен момент од последното интервју на Владо Јаневски
Последното интервју на Владо Јаневски за „Трилинг“ повторно одекна по неговата смрт на 66-годишна возраст.

Емотивен момент од последното интервју на Владо Јаневски
Македонскиот пејач Владо Јаневски почина вечерва на 66-годишна возраст. Во јавноста повторно одекна еден емотивен момент од неговото последно интервју кај новинарот Горазд Чомовски за „Трилинг“, дадено на крајот на февруари оваа година. Во разговорот, Јаневски зборуваше за животот, среќата и изборите што го воделе низ годините.
„Живеам од денеска за утре“
„Живеам од денеска за утре“, рече Владо Јаневски во интервјуто. Неговото мото беше дека „се живее секој ден, а се умира само еднаш“. „Мојата формула за среќа јас не ја наметнувам никому. Јас не гледам ништо лошо во тоа што мојата формула за среќа не се поклопува со туѓата. И затоа Гевгелија ја одбрав“, рече Јаневски во едно од своите последни јавни сведоштва.
View this post on Instagram
