Македонија

(ВИДЕО) НИ НЕВРЕМЕТО НЕ ГИ СПРЕЧИ БЕРОВЧАНИ: Оро се игра на дожд во центарот до раните утрински часови – вака изгледа Берово во 2 часот по полноќ!

И покрај поројниот дожд и грмежите, Беровчани со големо оро го испратија „Етно Плоштад“ фестивалот во Берово.

(ВИДЕО) НИ НЕВРЕМЕТО НЕ ГИ СПРЕЧИ БЕРОВЧАНИ: Оро се игра на дожд во центарот до раните утрински часови – вака изгледа Берово во 2 часот по полноќ!

Со големо оро и празнична атмосфера заврши овогодишниот „Етно Плоштад“ фестивал во Берово, и покрај невремето кое ја зафати Малешевијата. Последната фестивалска вечер беше прекината од пороен дожд, грмежи и засилен ветер, но тоа не ги спречи најупорните посетители да останат на плоштадот. Фестивалот и Саемот „Малешевијата на дланка“ се одржуваа од 27 до 29 август, со музичка, фолклорна и етно програма.

Невремето ја прекина програмата, но забавата продолжи

По настапите на „Етно Малеш“, македонските зурли и тапани и Уска Кан, Берово беше погодено од силен дожд и грмежи, поради што дел од програмата мораше да биде прекинат. По околу два часа, временските услови се стабилизираа, па продолжија настапите на Игор Димовски, Пеѓа Јовановиќ и Ангел и Иван. Иако дел од плоштадот остана празен, публиката која остана не се откажа од добрата музика и атмосфера.

Берово покажа дека традицијата не се предава

На самиот крај, присутните со големо оро ја испратија последната фестивалска вечер, претворајќи го невремето во уште еден момент за паметење. Тридневната манифестација го исполни центарот на Берово со музика, фолклор, традиционални производи, ракотворби и гости од земјава и странство.

ОЗНАКИ: Берово