Спорт

ЛИНА ЃОРЧЕСКА ИСПИША ИСТОРИЈА: Прва Македонка со настап на Гренд слем

Лина Ѓорческа испиша историја како прва Македонка со настап во главната фаза на Гренд слем турнир на Вимблдон.

ЛИНА ЃОРЧЕСКА ИСПИША ИСТОРИЈА: Прва Македонка со настап на Гренд слем

Лина Ѓорческа испиша историја во македонскиот тенис со настапот на Вимблдон. Нашата најдобра тенисерка денеска го одигра својот прв натпревар во главната фаза на еден Гренд слем турнир. Ѓорческа стана првата Македонка која настапила на вакво ниво, иако претходно низ годините играше квалификации. Во првото коло се соочи со шестата тенисерка во светот, Аманда Анисимова. Американката го доби првиот сет со 6:3, а вториот со 6:2. Натпреварот траеше еден час, а и покрај поразот, Лина доби голема поддршка од јавноста. Нејзиниот настап останува историски момент за македонскиот спорт.