Македонија
Дознај прв
ЈАКИМОВСКИ ЗАСЕГА НЕ ОДИ ВО ЗАТВОР: Казната е одложена поради здравствени причини
Стевчо Јакимовски засега не оди во затвор, откако судот го прифати неговото барање за одлагање на казната од здравствени причини.

Почетокот на издржувањето на затворската казна на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, се одлага. Тој побарал одлагање од здравствени причини уште на 12 јуни, а Основниот кривичен суд Скопје го прифатил барањето. Судијата за санкции му излегол во пресрет, но судот сè уште чека медицински извештаи од двете приватни здравствени институции што ги навел Јакимовски. На 26 јуни била испратена и ургенција до лекарите за доставување на потребната документација. Влегувањето во затвор е одложено до донесување конечна одлука за тоа дали и за кога ќе биде поместен почетокот на казната. Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор за незаконска изградба на општинската зграда, а во казната ќе му се пресметаат и петте месеци поминати во куќен притвор.
