Македонија

ВРХОВЕН СУД СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ЈАКИМОВСКИ: Не било утврдено дали објектот е траен или времен

Врховниот суд го образложи укинувањето на пресудите против Стевчо Јакимовски, посочувајќи дека не било утврдено детал за објектот

ВРХОВЕН СУД СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ЈАКИМОВСКИ: Не било утврдено дали објектот е траен или времен

Јакимовски е ослободен

Врховниот суд го образложи укинувањето на пресудите против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски. Во образложението се наведува дека Јакимовски бил осуден за „бесправно градење“, иако ниту Основниот кривичен суд ниту Апелациониот суд не утврдиле дали административниот објект на локалната самоуправа е од траен или времен карактер. Според Врховниот суд, ова прашање мора јасно да се утврди за да може да се оцени дали воопшто постојат услови за кривично гонење за ова дело. Јакимовски беше осуден на една година затвор за изградбата на административниот објект на Општина Карпош. Со одлуката на Врховниот суд, пресудите се укинати, а предметот е вратен на повторно постапување пред првостепениот суд. Јакимовски во моментов е на болничко лекување.

Судот треба повторно да ги утврди фактите

Во новата постапка треба да се утврди природата на објектот и сите релевантни факти поврзани со изградбата. Одлуката на Врховниот суд не претставува конечна одлука за вината, туку предметот повторно се разгледува пред надлежниот првостепен суд.