Македонија
Дознај прв
ВРХОВЕН ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА: Стевче Јакимовски излегува од затвор
Врховниот суд ги укина пресудите против Стевчо Јакимовски и го врати предметот на повторно постапување во Основниот кривичен суд Скопје.

Укинати две правосилни пресуди
Врховниот суд ги укина правосилните пресуди против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, и предметот го врати на повторно постапување во Основниот кривичен суд Скопје. Одлуката е донесена на седницата одржана на 9 септември, откако Советот за казниви дела го уважил барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда. Со одлуката се укинати пресудата на Основниот кривичен суд од 23 април 2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје од 15 мај 2026 година.
Предметот на Стевчо Јакимовски се враќа на повторно одлучување
Јакимовски претходно беше осуден на една година затвор за бесправно градење во случајот поврзан со изградбата на општинската зграда во Карпош. Апелациониот суд ја потврдил пресудата во овој дел, додека обвинението за злоупотреба на службената положба било вратено на повторно судење. Сега целиот предмет повторно се враќа пред првостепениот суд, кој треба повторно да постапува и да донесе одлука.
