Македонија
Дознај прв
Борче Серафимовски од ЗНАМ е нов министер за земјоделство
Со владината реконструкција за нов министер за земјоделство е предложен Борче Серафимовски, досегашен државен секретар во ресорот и потпретседател на ЗНАМ.

Владина реконструкција носи ново министерство за Движењето ЗНАМ. Партијата ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде досега министер беше Цветан Трипуновски. За нов министер е предложен Борче Серафимовски, досегашен државен секретар во ресорот и потпретседател на ЗНАМ.
Максим Димитриевски истакна дека Серафимовски го познава системот и потребите на земјоделците. Во септември ЗНАМ треба да добие уште едно заменик-министерско место. Горан Минчев останува на чело на Министерството за јавна администрација, а Игор Филков повеќе не е министер за правда.
Извор: ТВ21
