Македонија
Дознај прв
Честит 8 Септември, денот на независноста на Македонија – 35 години независност
Македонија денеска одбележува 35 години независност со свечености, доделување ордени и големиот концерт на Дејвид Гета во Скопје.

Историски референдум и три и пол децении самостојност
Македонија денеска го одбележува 8 Септември – Денот на независноста, 35 години по историскиот референдум на кој граѓаните убедливо се изјаснија за суверена и самостојна држава. Референдумот од 8 септември 1991 година претставуваше пресвртница во создавањето на независна Македонија и воспоставувањето сопствени институции.
Свечености низ Скопје, денот ќе заврши со Дејвид Гета
По повод 35-годишнината денеска се предвидени повеќе свечености, меѓу кои положување цвеќе на вечните почивалишта на Киро Глигоров, Борис Трајковски и Никола Кљусев. Во Вила Водно ќе се одржи и церемонија на која претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе додели Орден „8 Септември“, додека централната свеченост под мотото „Силно светнал ден!“ ќе се одржи пред Владата со почеток во 14 часот. Прославата вечерва ќе заврши со големиот концерт на светски познатиот диџеј Дејвид Гета на Националната арена „Тоше Проески“, кој е најавен како финален настан од манифестацијата „35 години независност на Македонија“.
View this post on Instagram

