Македонија

ОД САБОТА КАМЕРИТЕ „СЕ ВКЛУЧУВААТ“ И ВО ВЕЛЕС: „Безбеден град“ се шири на подрачјето на СВР Велес

Системот „Безбеден град“ од 12 септември започнува со работа и во Велес. Камерите ќе регистрираат сообраќајни прекршоци и ќе овозможат засилен надзор.

ОД САБОТА КАМЕРИТЕ „СЕ ВКЛУЧУВААТ“ И ВО ВЕЛЕС: „Безбеден град“ се шири на подрачјето на СВР Велес

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од сабота, 12 септември, започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека се завршени техничките проверки и финалните тестирања, по што камерите поставени на сообраќајниците во овој регион ќе бидат ставени во функција. Со активирањето на системот се очекува да се воспостави засилена и континуирана контрола на сообраќајот, како и навремено регистрирање на сообраќајните прекршоци.

Според МВР, целта е преку поголем надзор да се влијае врз сообраќајната дисциплина и да се придонесе за поголема безбедност на патиштата.

Од Министерството повторно апелираат до возачите доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за побезбеден сообраќај.

ОЗНАКИ: Сејф сити