Регион

100 КИЛОГРАМИ КОКАИН СКРИЕНИ ВО ПРАТКА СО РОЗИ: Шест лица уапсени на атинскиот аеродром

На атинскиот аеродром се откриени 100 килограми кокаин скриени во пратка со рози од Колумбија. Уапсени се шест лица.

100 КИЛОГРАМИ КОКАИН СКРИЕНИ ВО ПРАТКА СО РОЗИ: Шест лица уапсени на атинскиот аеродром

Огромна количина од 100 килограми кокаин била откриена во пратка со рози која од Колумбија пристигнала на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“. Пратката била откриена од службеници на Независната управа за јавни приходи (ААДЕ), по информации добиени од канцеларијата на американската ДЕА во Атина. Во акцијата биле уапсени шест лица, од кои повеќето се албански државјани. Четворица од нив биле приведени директно на аеродромот, каде што требало да ја преземат пратката со дрогата. Другите двајца биле уапсени во источниот дел на Атика, каде што, според првичните сознанија, кокаинот требало да биде складиран. Во истрагата учествувале и полицајци од Дирекцијата за борба против организиран криминал.

Кокаин – пратка од Колумбија

Според информациите, кокаинот бил сокриен во пратка со рози која пристигнала од Колумбија. Службениците ја следеле пратката врз основа на информации добиени преку соработката со американската ДЕА.

Шест лица во рацете на полицијата

Четири лица биле уапсени на самиот аеродром при преземањето на пратката, додека уште двајца биле приведени во поширокиот регион на Атина. Истрагата продолжува за да се утврди целата мрежа поврзана со шверцот на дрогата.

Жан Митрев