Хроника
Дознај прв
КАМЕН ПИЈАН ВОЗЕЛ НИЗ МАРИНО: Измерени 3,02 промили, а во автомобилот имал и пушка
Жител на Марино е уапсен откако бил фатен како вози со 3,02 промили алкохол. Во автомобилот полицијата пронашла и воздушна пушка.

Полицијата го привела 37-годишниот возач
Жител на село Марино, Општина Илинден, е лишен од слобода откако бил запрен во сообраќајна контрола и било утврдено дека возел со дури 3,02 промили алкохол во крвта. Станува збор за 37-годишниот А.С., кој управувал автомобил „Фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки. Случајот се случил на 9 септември околу 14:55 часот, соопшти МВР.
Во возилото пронајдена и воздушна пушка
При контролата, полициските службеници во автомобилот пронашле воздушна пушка, која била одземена. Против 37-годишникот постојат основи на сомнение за сторени кривични дела согласно член 297-а од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружје. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
