Економија

ВЛАДАТА ЌЕ ГО НАМАЛИ ДДВ-ТО ЗА ДИЗЕЛОТ: Данокот паѓа од 18 на 10 отсто

Владата ќе го намали ДДВ-то за дизел горивото од 18 на 10 отсто. Мицкоски очекува наместо голем раст, да има намалување на цената.

ВЛАДАТА ЌЕ ГО НАМАЛИ ДДВ-ТО ЗА ДИЗЕЛОТ: Данокот паѓа од 18 на 10 отсто

Мицкоски најави нова мерка за цената на горивата

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за намалување на ДДВ-то за дизел горивото од 18 на 10 отсто, со цел да се спречи големиот пораст на цените. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски на настан во Велес, посочувајќи дека веќе се преземени мерки преку намалување на акцизите за дизелот и безоловното гориво. Според него, со намалувањето на ДДВ-то се очекува наместо драматично зголемување, да има намалување на цената на дизелот.

Целта е да се заштити стандардот на граѓаните

Мицкоски призна дека мерката ќе има одредени импликации врз државниот буџет, но порача дека приоритет е заштитата на стандардот на граѓаните. Новата мерка доаѓа во период на растечки цени на горивата и претставува дополнителна интервенција на Владата за ублажување на ударот врз потрошувачите. Премиерот најави дека мерката ќе биде донесена на владина седница преку видео-врска.

ОЗНАКИ: горива