Спорт
Дознај прв
(ВИДЕО) ВАРДАР СЕ ВРАЌА ВО РАКОМЕТНАТА ЕЛИТА: Нант гостува во Скопје
Вардар го пречекува Нант во Лигата на шампионите на 16 септември во „Јане Сандански“, со најавена голема поддршка од навивачите.

Вардар го очекува голем европски предизвик
Ракометниот шампион на Македонија, РК Вардар 1961, го очекува првиот домашен натпревар во новата сезона од ЕХФ Лигата на шампионите. Во Скопје гостува францускиот Нант, кој во првото европско коло славеше против Висла Плоцк. Вардар, пак, на стартот од натпреварувањето загуби од германскиот Мелсунген со 33:31, но прикажа борбена и одлична игра. Натпреварот против Нант ќе се одигра на 16 септември во спортскиот центар „Јане Сандански“, со почеток во 18:45 часот. Клубот најави и специјална фан-зона пред салата, која ќе започне во 16:45 часот и ќе биде проследена со музичка програма. Билетите веќе се пуштени во продажба, а од Вардар очекуваат голема поддршка од навивачите и исполнети трибини. Дуелот со силниот француски состав ќе биде голем тест за црвено-црните и можност пред домашната публика да стигнат до првите бодови во европската сезона.
Голема поддршка од трибините за европскиот камбек
Раководството на Вардар преку кампањата „Вардарци, време е!!!“ ги повика навивачите масовно да дојдат во „Јане Сандански“. Натпреварот има посебно значење за клубот, кој по пауза повторно е дел од групната фаза на најквалитетното европско клупско натпреварување.
View this post on Instagram

