Македонија
Дознај прв
„СООПШТЕНИЈАТА ГИ ПИШУВААТ СО CHATGPT, А СЕ ПРОТИВ ДАТА-ЦЕНТРИ“: ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ излезе со критики до СДСМ поради ставот на опозициската партија за изградбата на дата-центри во Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ користи ChatGPT при подготовката на своите соопштенија, а истовремено се противи на изградбата на дата-центри.
Во партиското соопштение се упатени критики и кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, како и кон поранешниот премиер Зоран Заев. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ваквиот став претставува „парадокс“ и го критикуваат односот на СДСМ кон новите технологии. Од партијата тврдат дека СДСМ се спротивставува на дата-центрите, додека истовремено користи технологии базирани на вештачка интелигенција.
Во соопштението се наведува и дека СДСМ под раководство на Филипче, според ВМРО-ДПМНЕ, не може да напредува и да ја зголеми поддршката. ВМРО-ДПМНЕ дополнително ја критикува СДСМ за нејзините ставови поврзани со економскиот развој и новите технологии.
