Скопје

СКОПЈЕ ЈА ПРЕЧЕКУВА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА: Свечена литија низ центарот на градот

Во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје се одржа вечерна богослужба и свечена литија со иконата Троеручица низ центарот на градот.

СКОПЈЕ ЈА ПРЕЧЕКУВА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА: Свечена литија низ центарот на градот

Верниците обединети во молитва

Во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица, заштитничката на Скопје, вечерва во истоимениот храм се одржа вечерна богослужба. По богослужбата, верниците тргнаа во свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Троеручица низ центарот на градот. Голем број граѓани се приклучија на литијата, обединети во верата и заедничката молитва. Верниците се помолија за здравје, мир, благосостојба и спокој во секој дом. Празникот Рождество на Пресвета Богородица се одбележува на 21 септември.

Молитва за Скопје и скопјани

Свеченото одбележување е проследено со пораки за единство, добрина и меѓусебна поддршка меѓу граѓаните. Верниците упатија молитви Пресвета Богородица да ги чува Скопје, неговите жители и најмладите. Со свечената литија низ градот, скопјани го пречекуваат големиот празник во духот на верата и традицијата.