Магазин
Дознај прв
СВЕТСКИ ДЕН НА АЛЦХАЈМЕРОВАТА БОЛЕСТ: Во Македонија околу 10.000 лица живеат со Алцхајмер
На 21 септември се одбележува Светскиот ден на Алцхајмер. Во Македонија околу 10.000 лица живеат со Алцхајмер.

Алцхајмер не го менува само животот на пациентите
Денеска, 21 септември, се одбележува Светскиот ден на Алцхајмеровата болест, чија цел е подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат пациентите и нивните семејства. Според податоците објавени од Press24, во Македонија повеќе од 24.000 лица живеат со деменција, од кои околу 10.000 со Алцхајмерова болест. Болеста постепено влијае врз меморијата и секојдневното функционирање, но последиците ги чувствуваат и најблиските на пациентите. Во земјава во моментов нема специјализирани домови за лица со деменција, додека приватните сместувачки капацитети често се финансиски недостапни за семејствата.
Раното препознавање е клучно за третманот
Иако сè уште нема лек за деменцијата, во последните години има напредок во третманот на Алцхајмеровата болест, а во Европа и САД се одобрени два лека кои можат да ја забават прогресијата на болеста. Според професор Новотни, за примена на ваква терапија е потребно заболувањето да биде дијагностицирано во рана фаза. Како знаци на кои треба да се обрне внимание се наведуваат заборавање на неодамнешни настани, повторување на исти работи и промени во однесувањето, поради што се препорачува консултација со лекар.
