Магазин

БАЛКАНЦИТЕ СЕ ВЕНЧААТ СÈ ПОДОЦНА: Младите сè почесто чекаат до средината на 30-тите

Статистиката покажува на која возраст мажите и жените од Балканот стапуваат во брак. Во Србија просечната возраст е највисока.

БАЛКАНЦИТЕ СЕ ВЕНЧААТ СÈ ПОДОЦНА: Младите сè почесто чекаат до средината на 30-тите

Младите се венчаат се’ подоцна

Младите во земјите од Балканот сè подоцна се одлучуваат да стапат во брак и да започнат заеднички живот. Според податоците прикажани на статистиката, во Босна и Херцеговина мажите во просек стапуваат во брак на 30 години, а жените на 27,3 години. Во Македонија просечната возраст е 30,2 години за мажите и 27,5 години за жените, додека во Црна Гора мажите се венчаваат на 31 година, а жените на 28 години. Во Албанија просечната возраст за мажите е 31,2 години, а за жените 27,8 години, додека во Косово мажите стапуваат во брак на 31 година, а жените на 28 години. Во Хрватска просечната возраст изнесува 32 години за мажите и 30 години за жените, додека во Србија е највисока – 34,4 години за мажите и 31,4 години за жените. Податоците покажуваат дека разликата меѓу просечната возраст на мажите и жените при стапување во брак постои во сите наведени земји, но се разликува од држава до држава.

Економијата и начинот на живот го менуваат трендот

Додека пред неколку децении бракот најчесто се склучувал во раните 20-ти години, денес младите во регионот сè почесто го одложуваат венчањето. На одлуката влијаат повеќе фактори, меѓу кои подолгото образование, вработувањето, економската сигурност и решавањето на станбеното прашање. Трендот на подоцнежно стапување во брак е присутен во повеќе балкански земји и го менува начинот на кој младите го планираат семејниот живот.