Македонија

ПО 22 ГОДИНИ СЕ ВРАЌА „БАЛ-КАН-КАН“: Дарко Митревски најави спиноф во модерно време. во главните улоги Сашко Коцев, Јелена Јованова и Тони Михајловски

ПО 22 ГОДИНИ СЕ ВРАЌА „БАЛ-КАН-КАН“: Дарко Митревски најави спиноф во модерно време. во главните улоги Сашко Коцев, Јелена Јованова и Тони Михајловски

Македонскиот режисер, сценарист и продуцент Дарко Митревски најави дека ќе се снима спиноф на култниот филм „Бал-Кан-Кан“, овојпат сместен во модерното време. Митревски денеска во Македонскиот народен театар ги претстави своите идни филмски планови по речиси две децении поминати во Лос Анџелес.

Тој откри дека идејата за спинофот му дошла додека патувал со авион, а сценариото го напишал за само пет дена. Во главните улоги ги планира Сашко Коцев, Тони Михајловски и Јелена Јованова, а најавено е и враќање на култниот негативец од оригиналниот филм. Приказната ќе следи двајца луѓе кои се на работ на егзистенцијата и кои, според Митревски, не се забележани во физичката реалност на општеството. Снимањето треба да започне следната година во Скопје, додека режисерот во моментов бара финансиски средства и соодветна екипа.

Повеќе детали може да погледнете ТУКА.