Дознај прв
„ЃАВОЛОТ“ ОСУДЕН НА УСЛОВНА КАЗНА: Признал вина и добил две години затвор условно и парична казна

Љупчо Пецов – „Ѓаволот“, обвинет во случајот „Синџир“, е осуден на условна казна затвор од две години, откако признал вина. Пецов беше обвинет дека организирал дел од шемата за даночно затајување со фиктивни фактури. Во случајот „Синџир“ беа опфатени 26 лица и 28 компании, а сомнежите се однесуваат на штета за државниот буџет од околу осум милиони евра.
Неговата фирма „Алма-комерц Ангел Пецов“ била наведувана како еден од клучните генератори на лажни фактури преку кои се намалувал даночниот долг на поврзани компании. Пресудата е донесена на 24 август годинава, а станала правосилна на 21 септември, откако странките не вложиле жалба. Покрај условната казна, Пецов е осуден и на парична казна од 8.000 евра, како и на десетгодишна забрана да врши дејност како основач или управител на правно лице.
Извор: Инфомакс
