Македонија
Дознај прв
Мицкоски од ОН: Евроинтеграцијата е надвор од секој разумен рок
Мицкоски од ОН порача дека евроинтеграцијата е надвор од секој разумен рок и побара од ЕУ предвидливост и почитување на правилата.

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето пред 81. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк порача дека процесот на евроинтеграција на земјава е надвор од секој разумен временски рок. Тој побара од Европската Унија да обезбеди предвидливост и доследно почитување на правилата во процесот на проширување.
„Не бараме полесен пат, туку пат уреден со правила“
Мицкоски истакна дека од кандидатите се бара исполнување на критериуми, но дека исполнувањето на тие критериуми треба да води кон напредок, без постојано отворање нови барања и билатерални прашања. Тој порача дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска и дека преземените обврски мора да имаат трајна вредност. Според него, европската интеграција останува стратешка определба, а земјава треба паралелно да работи на владеењето на правото, ефикасноста на институциите и конкурентноста на економијата.
„Нашата амбиција е да станеме сериозна држава“
Во завршницата на говорот, премиерот порача дека земјава е сојузник во НАТО, дека САД се стратешки партнер и дека полноправното членство во ЕУ останува стратешка определба. Тој нагласи дека земјава не бара пониски стандарди, туку стандардите да важат еднакво за сите. Мицкоски порача и дека државата треба да биде сигурна во својот идентитет, да ја знае својата историја, но да не биде заробена во неа.
