Свет
Дознај прв
НАЈМАЛКУ ПЕТ ИРСКИ ФУДБАЛЕРИ ОДБИВААТ ДА ИГРААТ ПРОТИВ ИЗРАЕЛ: Се зголемува притисокот пред натпреварот
Најмалку пет ирски репрезентативци наводно не сакаат да настапат против Израел, додека играчите разговараат за заеднички став.

Ирските репрезентативци разговараат за заеднички став за Израел
Најмалку пет фудбалери од репрезентацијата на Република Ирска наводно не сакаат да настапат против Израел во натпреварите од Лигата на нации. Прашањето предизвикува поделби во ирската репрезентација, во пресрет на натпреварите закажани за 27 септември и 4 октомври. Според „Irish Times“, капитенот Дара О’Шеј изјавил дека играчите ќе разговараат за своите ставови и ќе се обидат да постигнат заеднички договор.
Натпреварите сепак треба да се одиграат
Ирската фудбалска асоцијација потврди дека репрезентацијата ќе ги исполни обврските, а првиот натпревар против Израел ќе се игра во Дебрецен, Унгарија, додека вториот е закажан во Бачка Топола, Србија, без присуство на публика. Во меѓувреме, повеќе од 160 ирски спортисти потпишаа отворено писмо со кое ги повикаа репрезентативците да ги бојкотираат натпреварите. Ирскиот селектор Хејмир Халгримсон претходно изјави дека дел од играчите се чувствуваат „многу непријатно“ поради натпреварите со Израел.
