Хроника

Во тек е акција на МВР и АНБ во Скопје, приведени повеќе лица осомничени за тероризам

Во тек е акција на МВР и АНБ во Скопје, приведени повеќе лица осомничени за тероризам

Во тек е акција на МВР и АНБ во Скопје

На повеќе локации во Скопје во тек е полициска акција во која се вклучени Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Според првичните информации, во акцијата се приведени повеќе лица поради сомнение дека сториле кривични дела од областа на тероризмот.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за бројот на приведени, конкретните кривични дела за кои се осомничени, ниту за локациите на кои се вршат претреси и други истражни дејствија.

Од МВР и АНБ најавуваат дека по завршувањето на акцијата јавноста ќе биде дополнително информирана.

Извор: 4news