Македонија
Дознај прв
МИЦКОСКИ СЕ ИЗВИНИ ЗА СПОТОТ ВО МАКЕДОНИУМОТ: Побара разрешување на директорот и Управниот одбор

Премиерот Христијан Мицкоски се извини за снимањето на музичкиот спот во Македониумот во Крушево и најави дека ќе побара разрешување на директорот и членовите на Управниот одбор. Мицкоски оцени дека тоа што се случило не требало да се дозволи и порача дека ваков тип културни институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени.
„Јас им се извинувам на граѓаните поради тоа што тој пропуст е направен и се случил“, изјави Мицкоски.
Во спотот на косовскиот рапер има сцени снимени во внатрешноста на Македониумот, каде што се наоѓа и гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев. Во објектот се наоѓаат и дела на уметниците Борко Лазески и Томе Серафимовски. Вршителот на должност директор, Миха Оџаклиески, претходно објасни дека одлуката за користење на просторот ја донел Управниот одбор, а за пет-шест часа користење на објектот биле платени 500 евра.
View this post on Instagram
