Македонија

(ФОТО) ДИРЕКТОРОТ НА МАКЕДОНИУМОТ, МИХА ОЏАКЛИЕСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: „Чувствувам морална одговорност“

(ФОТО) ДИРЕКТОРОТ НА МАКЕДОНИУМОТ, МИХА ОЏАКЛИЕСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: „Чувствувам морална одговорност“

Вршителот на должност директор на Македониумот, Миха Оџаклиески, поднесе оставка од функцијата по случувањата поврзани со снимањето на музичкиот спот на Дон Џони во објектот. Оџаклиески во објавата наведува дека чувствува морална одговорност за настанот и одлучил да се повлече од функцијата. Оставката следува откако во Македониумот беше снимен спот за кој во јавноста се отворија реакции и дебата околу начинот на кој бил користен просторот.

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски побара разрешување на директорот и Управниот одбор на Македониумот.

МИЦКОСКИ СЕ ИЗВИНИ ЗА СПОТОТ ВО МАКЕДОНИУМОТ: Побара разрешување на директорот и Управниот одбор

Мицкоски се извини за случувањето и порача дека институции од ваков тип не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени. Со оставката, Оџаклиески ја презеде моралната одговорност за случајот. Министерот Сулејмани пак, ги предупреди директорите отсега да бидам повнимателни кому даваат оставка.