Скопје
Дознај прв
ТРИ СООБРАЌАЈКИ НАПРАВИЈА ЗАСТОЈ ВО СКОПСКИОТ СООБРАЌАЈ: На повеќе локации во градот е хаотично

Во Скопје попладнево се регистрирани три сообраќајки на различни локации, поради што на повеќе места има застој. Кај Рекорд, од Триумфална порта во правец кон „Палома Бјанка“, блокирани се двете сообраќајни ленти поради сообраќајка.
Сообраќајка има и на патниот правец од Долно Лисиче кон Драчево, каде исто така е отежнато одвивањето на сообраќајот. Третата сообраќајка е регистрирана зад Поликлиниката Бит Пазар.
Според неофицијалните информации, во оваа сообраќајка има и смртен исход. Возачите се повикуваат на внимателно возење и зголемено трпение поради застојот на овие локации.
