Македонија

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ: Изменет режим на сообраќај, какви пораки се очекуваат?

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ: Изменет режим на сообраќај, какви пораки се очекуваат?

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе престојува во официјална посета на Скопје, при што во фокусот ќе бидат евроинтеграциите на земјата и нејзиниот европски пат. За време на посетата се очекуваат пораки поврзани со напредокот на Македонија кон Европската Унија и процесот на пристапување.

Поради посетата, Министерството за внатрешни работи најави изменет режим на сообраќај во централното подрачје на Скопје. СВР Скопје ќе преземе мерки за регулирање на движењето на возилата, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници. Посебниот режим ќе биде во сила во текот на посетата и може да предизвика привремени ограничувања и застои на одредени сообраќајници. Посетата на Фон дер Лајен доаѓа во период кога евроинтеграциите се меѓу клучните теми во односите меѓу Македонија и Европската Унија.

Извор: Слободен печат