Македонија

НОВ ОБИД ЗА ДЕБЛОКАДА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ: Фон дер Лајен најави чекор уште следната недела

НОВ ОБИД ЗА ДЕБЛОКАДА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ: Фон дер Лајен најави чекор уште следната недела

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека следната недела ќе биде направен нов чекор во обидот за деблокирање на евроинтегративниот процес на Македонија. По средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје, таа рече дека е договорено процесот повторно да почне да се придвижува. Фон дер Лајен посочи дека целта е да се надмине сегашната блокада и процесот повторно да стане активен. Таа оцени дека земјава може брзо да напредува откако ќе се деблокира процесот, посочувајќи на досега спроведените реформи. Според неа, по деблокирањето ќе може да се пристапи и кон подготовка на патокази за Македонија. Фон дер Лајен порача дека ЕУ ја очекува земјава со својот идентитет и јазик, а македонската култура и јазик можат да ја збогатат Унијата. Таа потсети дека пристапните преговори започнаа во 2022 година, а скринингот беше завршен во декември 2023 година.

Погледнете повеќе.