Хроника
Дознај прв
УАПСЕН 72-ГОДИШНИК ОД РАДОВИШ: Со ловечка пушка усмртил куче на улица
Уапсен 72-годишник Р.Л. од Радовиш откако со ловечка пушка усмртил куче на улица со „Застава М75“, соопшти полицијата.

Истрел од огнено оружје во Радовиш
Седумдесет и двегодишен жител на Радовиш бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека со ловечка пушка усмртил куче на улица. Според информациите од МВР, на 3 јули во 10:30 часот полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Р.Л. од Радовиш. Претходно било пријавено дека на 2 јули околу 22 часот на улицата „Благој Мучето“ се слушнал истрел од огнено оружје. По пријавата, на улицата било пронајдено усмртено куче.
Пушката одземена, ќе следува пријава
Со преземените мерки било утврдено дека во кучето пукал 72-годишникот, кој во службен разговор го признал делото. Од него била одземена ловната пушка „Застава М75“, која ја поседувал со важечка дозвола. Увид на местото извршиле инспектор за храна и ветеринарство, ветеринарен лекар и увидна екипа од ОВР Радовиш, при што било утврдено дека кучето било сопственост на жител на Радовиш. За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање против Р.Л. ќе биде поднесена кривична пријава.
