Свет
Дознај прв
ТРАМП ИМА НОВА ПОРТПАРОЛКА: Кејти Закарија доаѓа во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп ја назначи Кејти Закарија за нова портпаролка на Белата куќа, на местото на Каролин Ливит, која ја напушти функцијата во август. Трамп ја соопшти одлуката преку својата социјална мрежа Truth Social, каде што ја опиша Закарија како лојална и посветена поддржувачка. Таа моментално работи како виш советник за комуникации во Trump Media & Technology Group, компанијата што управува со платформата Truth Social.
Претходно, Кејти Закарија кратко време работела како портпаролка на американското Министерство за внатрешна безбедност. Таа има искуство и како политичка новинарка на телевизиските мрежи „Фокс њуз“ и „Њузмакс“, а учествувала и во претседателските кампањи на Трамп. По објавувањето на назначувањето, Закарија му се заблагодари на претседателот и порача дека ќе работи на претставување на резултатите од неговата администрација пред американската јавност. Ливит ја извршуваше функцијата од јануари 2025 година, а по заминувањето најави дека ќе се посвети повеќе на семејството.
