Македонија

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ СТАРТУВА ВО ОХРИД, СТРУГА, КИЧЕВО И ДЕБАР: Од утре камерите ќе регистрираат прекршоци

Од понеделник, 12 октомври, камерите на „Безбеден град“ почнуваат со работа во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ СТАРТУВА ВО ОХРИД, СТРУГА, КИЧЕВО И ДЕБАР: Од утре камерите ќе регистрираат прекршоци

Од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почнува со работа во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, информира Министерството за внатрешни работи. Камерите ќе бидат активирани по завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, а целта е да се овозможи континуирана контрола на сообраќајот.

Камерите ќе откриваат сообраќајни прекршоци

Со активирањето на системот се очекува навремено откривање на прекршоците, подобрување на сообраќајната дисциплина и зголемување на безбедноста на патиштата. МВР апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да управуваат со возилата одговорно. Примената во охридскиот регион претходно ја најави и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Безбеден град“ веќе функционира во државата

Системот „Безбеден град“ е во функција во државата од 1 февруари годинава, а по периодот на адаптација и тестирање продолжува да се проширува и во други региони. Со неговото воведување во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, сообраќајниот надзор ќе биде засилен и во овие градови.

ОЗНАКИ: Сејф сити