Скопје
Дознај прв
ДЕЛОВИ ОД АЕРОДРОМ И ЧУЧЕР-САНДЕВО ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА: Прекините ќе траат до 14 часот
Најавени се прекини на електричната енергија во делови од Аеродром и Чучер-Сандево. Снабдувањето треба да биде прекинато до 14 часот.

Прекини во делови од Аеродром
Во општина Аеродром, прекинот е најавен од 9 до 14 часот и ќе опфати дел од корисниците на улицата „Тодор Чангов“, во близина на бројот 28, како и дел од улицата „Данка Фирфова“ во населбата Лисиче.
Без струја и делови од Чучер-Сандево
Без електрична енергија ќе останат и дел од жителите на општина Чучер Сандево. Во селото Глуво – Бразда прекинот е планиран од 9:30 до 13 часот, додека во викенд-населбата Побожје, во близина на црквата „Пресвета Богородица“, снабдувањето ќе биде прекинато од 10 до 13 часот.
Според најавениот распоред, сите планирани прекини треба да завршат најдоцна до 14 часот.
