Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) СООБРАЌАЈКА ВО НОВО ЛИСИЧЕ: Судир меѓу мотор и возило на бул. „Видое Смилевски-Бато“

Вечерва се случила сообраќајна несреќа на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во скопската населба Ново Лисиче. Во несреќата учествувале автомобил „Рено меган“ и мотор, кои се судриле пред сендвичарата „Бејкинг бред“.
Неофицијално, во судирот има едно повредено лице. Засега нема официјални информации за причините и околностите под кои се случила несреќата. Видео од сообраќајката пристигна до редакцијата на 24часа. Се очекуваат повеќе информации за случајот.
View this post on Instagram
