Хроника

ДЕВОЈКИ, БИДЕТЕ ПРЕТПАЗЛИВИ: Дона Неделковска предупредува за маж кој им приоѓа на жени во скопските молови

ДЕВОЈКИ, БИДЕТЕ ПРЕТПАЗЛИВИ: Дона Неделковска предупредува за маж кој им приоѓа на жени во скопските молови

Водителката Дона Неделковска преку социјалните мрежи сподели сведоштво за маж кој, според нејзиното искуство, им приоѓа на жени во скопските трговски центри со зборовите „да ве праша нешто“.

Таа раскажува дека пред извесно време, додека снимала видео на јавна локација, мажот ѝ пристапил, а потоа ја фатил за рака и не сакал да ја пушти. Според нејзиното сведоштво, во истиот момент наишле други луѓе, по што мажот ја пуштил и заминал брзо. Неделковска наведува дека подоцна повторно го препознала во автобус, каде што тој повторно ѝ се обратил, а таа се обидела да го избегне. По нејзината објава, други жени ѝ пишале дека имале слични искуства со маж кој се движи низ моловите во Скопје, а некои од нив посочиле дека тој пристапува и до вработени во трговските центри.

Во пораките што ги добила, се наведува дека случајот бил пријавуван во полиција и дека мажот бил задржан, но овие информации не се независно потврдени. Неделковска, а и жените кои ѝ пишуваат ги повикаа и другите девојки да бидат внимателни и да внимаваат на својата безбедност. Воедно, ова е уште еден апел за полицијата повторно да се ангажира околу пронаоѓање на мажот и негова санкција.