Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ПРОНАЈДЕН И САНКЦИОНИРАН ВОЗАЧОТ ШТО „ДРИФТАЛ“ ВО ШТИП
Полицијата го пронајде 22-годишниот возач од Штип кој „дрифташе“ со „опел“ без регистарски ознаки. Утврдено е дека немал право на управување.

Возачот кој „дрифташе“ со автомобил во Штип, а видеото од опасното возење беше објавено на социјалните мрежи, е пронајден од полицијата. Станува збор за 22-годишниот С.К. од Штип, со кого на 14 октомври полициски службеници од СВР Штип извршиле службен разговор. На видеото, објавено на 12 октомври, се гледа како управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки и намерно предизвикува пролизгување на автомобилот.
Управувал возило без да се стекне со право на управување
При преземените полициски мерки било утврдено дека младиот возач го управувал автомобилот пред да се стекне со право на управување. Освен опасното маневрирање, дополнителен проблем е и тоа што возилото било без регистарски ознаки. Настанот предизвика реакции откако снимката беше споделена на социјалните мрежи.
Следува пријава по консултација со обвинител во Штип
За случајот е известен јавен обвинител, а од МВР информираат дека по целосното документирање ќе биде поднесена соодветна пријава против С.К. Полицијата продолжува со постапување во случаи на опасно однесување во сообраќајот, особено кога ваквите активности се одвиваат на јавни површини и можат да ги загрозат другите учесници.
