Македонија

ИНВЕСТИЦИИ ОД 114 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО БРВЕНИЦА: Изградба на клучка на Коридорот 8 и нови инфраструктурни проекти – Николоски соопшти детали

Александар Николоски најави инвестиции од 114 милиони денари во Брвеница, изградба на клучка на Коридорот 8 и нови инфраструктурни проекти.

ИНВЕСТИЦИИ ОД 114 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО БРВЕНИЦА: Изградба на клучка на Коридорот 8 и нови инфраструктурни проекти – Николоски соопшти детали

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, соопшти дека преку два јавни повика се инвестираат 114 милиони денари во Општина Брвеница, со средства од Министерството за транспорт и преку Светската банка. Тој најави и продолжување на инфраструктурните проекти, вклучително и изградба на клучка што ќе ја поврзе општината со автопатот на Коридорот 8.

Завршени реконструкции на повеќе улици

Николоски посочи дека веќе се завршени реконструкции на повеќе улици во Брвеница, Милетино, Челопек, Радиовце, Долно Седларце и Теново. Меѓу проектите се реконструкцијата на улицата „Браќа Јаниќ“ во Брвеница, во вредност од речиси 10 милиони денари, како и уредувањето на уличната мрежа на улицата „Алумина“ во Милетино, за што се издвоени 5,4 милиони денари.

Најавени нови инфраструктурни проекти

Според Николоски, завршено е проектирањето на клучката што треба да ја поврзе Брвеница со автопатот на Коридорот 8, а следува постапката за избор на изведувач. Најавена е и реконструкција и изградба на локалниот пат во Стенче, до тамошната црква, во вредност од 8,1 милион денари. Во подготовка е и реконструкцијата на улицата „Браќа Степановиќ“, вредна 9,1 милион денари, како и уредување на патот што води до Бергурница.

Николоски очекува победа на Стојанчо Радичевски

Осврнувајќи се на претстојните локални избори, Николоски ги повика жителите на Општина Брвеница масовно да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот Стојанчо Радичевски. Тој изрази очекување дека Радичевски ќе победи уште во првиот круг, оценувајќи дека со неговата поддршка ќе продолжи реализацијата на започнатите и планираните проекти.