Македонија
Дознај прв
Автопатот Охрид – Кичево ќе биде целосно пуштен до крајот на мај, најави Николоски

Автопатот Охрид-Кичево целосно ќе биде завршен и пуштен во употреба до крајот на мај, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој информираше дека градежните работи на делницата од Извор до Врбјани, вклучително и тунелите кај Пресека, се целосно завршени.
Во моментов се спроведуваат потребните тестирања за безбедност во сообраќајот, согласно најновата европска директива, со посебен акцент на тунелите. На оваа делница се изградени две тунелски цевки со должина од 2.100 и 1.990 метри, како и четири галерии, мостови и вијадукти.
Николоски најави дека делницата од Извор до Врбјани се очекува да биде пуштена во употреба во следните неколку недели, по завршувањето на безбедносните тестирања. Тој повтори дека крајниот рок останува крајот на мај, кога целиот автопат треба да биде пуштен во употреба со комплетна потребна документација.

