Магазин

МАЈКРОСОФТ ГИ ОБНОВИ УСЛУГИТЕ: Outlook, Teams и Copilot повторно функционираат по глобалниот прекин

Microsoft соопшти дека Outlook, Teams и Copilot повторно функционираат по глобалниот прекин што погоди повеќе од 70 земји и околу 430 милиони корисници.

МАЈКРОСОФТ ГИ ОБНОВИ УСЛУГИТЕ: Outlook, Teams и Copilot повторно функционираат по глобалниот прекин
photo - quartz

„Мајкрософт“ соопшти дека неговите услуги се целосно обновени по глобалниот технички прекин што предизвика проблеми кај корисниците ширум светот. Компанијата потврди дека клучните проблеми се решени и дека Outlook, Teams и Copilot повторно се достапни, објави Би-Би-Си. Прекинот, кој започна пред два дена, погоди повеќе од 70 земји и предизвика нарушувања во користењето на дигиталните услуги.

Погодени околу 430 милиони корисници на „Microsoft“

Според информациите од компанијата, околу 430 милиони луѓе ширум светот се соочиле со технички проблеми. Нарушувањата биле поврзани со надградба на мрежата, при што дел од услугите станале недостапни за корисниците.

Компанијата исклучува сајбернапад

Од „Мајкрософт“ појасниле дека проблемот не бил предизвикан од сајбернапад, ниту од агент на вештачка интелигенција. По отстранувањето на дефектите, компанијата потврдила дека услугите повторно функционираат, по прекинот што предизвика проблеми во повеќе од 70 земји.

Жан Митрев