Хроника
Дознај прв
ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈАТА: Неколку скопски општини денеска без електрична енергија
Делови од Скопје без струја денеска поради планирани работи на мрежата во Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров.

Делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа. Според информациите, прекини се најавени во општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров.
Во Аеродром, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“.
Во Гази Баба, прекин од 08:30 до 14:30 часот ќе имаат дел од корисниците на улицата „Методија Андонов Ченто“, објектите кај ЗПЗ „Напредок“, сендвичарата „Хит“ и објектите од Триангла до надвозникот кон Ченто.
Во Карпош, од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат објектите на улицата „Вангел Динуи“ и дел од непарните броеви на улицата „Франце Прешерн“.
Во Ѓорче Петров, прекин од 09:30 до 14:30 часот е најавен за дел од улиците „Браќа Чакреви“ и „Социјалистичка зора“. Информацијата е објавена врз основа на известување од ЕВН Македонија до Регионалниот центар за управување со кризи.

