Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ПОВТОРНО ДИВЕЕЊЕ ВО КАПИШТЕЦ: Истите тинејџери и скутери во истиот парк

Истите сцени повторно се случуваат во паркот во Капиштец, каде тинејџери возат скутери и ги загрозуваат пешаците. Граѓанин кој сака да остане анонимен синоќа ни испрати снимка до редакцијата на „24 часа“, на која, според неговите тврдења и видеа, повторно се истите малолетници и истите скутери. Тој вели дека реагирал и со повик до МВР со што случајот го пријавил и во полиција. И покрај претходните реакции, опасното возење продолжува на истата локација.
Претходната недела нашата редакција објави видео од Капиштец на кое возачи со скутери им се закануваат на пешаци.
Повторувањето на ваквите сцени отвора прашања за безбедноста на граѓаните во паркот, особено земајќи го фактот дека таму има многу малечки дечиња. Засега нема информации за постапување на полицијата по најновата пријава.
