Хроника
Дознај прв
АКЦИЈА ВО СКОПСКИ ЛОКАЛИ: Осум лица лишени од слобода, меѓу нив и тројца малолетници
Ноќеска во Скопје биле контролирани повеќе угостителски објекти, при што се легитимирани 37 лица, а осум се лишени од слобода.

Констатирано точење алкохол на малолетници во локали
Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, ноќеска спроведе акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата биле легитимирани 37 лица, а осум лица биле лишени од слобода, од кои три се малолетници. Во два угостителски објекти било утврдено пречекорување на дозволеното работно време. Во еден објект, пак, било констатирано точење алкохол на малолетни лица.
Пронајдени и лица со наркотични средства
При контролата биле затекнати и лица кои поседувале наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Од МВР информираат дека акциските контроли во угостителските објекти ќе продолжат и во наредниот период, со цел почитување на законските прописи и зголемување на безбедноста.
